Анѓушев: Апликациите не беа повлечени поради конфликт на интереси, туку поради сензитивноста на јавноста

Фирмите каде како косопственик се појавува вицепремиерот Кочо Анѓушев ги повлекле апликациите од Планот за економски раст, не затоа што имало конфликт на интереси, туку поради сензитивноста на јавноста. Ова го изјави Анѓушев денеска на прес-конференција.

Нема конфликт на интереси и никакво заобиколување на законот. Не делиме пари зад затворени врати и во класифицираи договори. Компаниите кои го задоволуваат законот имаат право да аплицираат. Компаниите во кои сум јас сопственик, се повлекоа, не поради тоа што има конфликт на интереси, туку поради тоа што по долг период сензитивноста во јавноста е голема. Јас имам разбирање за таа работа и токму тоа и го објаснив“, рече вицепремиерот и додаде дека ако неговите компании се проблем, нема да аплицираат.

Анѓушев посочи и дека очекува економијата да се раздвижи со поголем интензитет по референдумот.