Анѓушев: Странските компаниите во Владата ќе имаат најдобар партнер

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески присуствуваа на свеченото отворање на фабриката Injection Moulding Prilep (IMP), инвестиција на германски „Accomplast GmbH“.

Станува збор за реномирана германска компанија, специјализиран производител за пластично моделирање на делови за автомбилската индустрија, единствена фабрика од ваков вид на Западен Балкан, со примена на напредна, врвна и иновативна технологија, која првпат ќе се применува во Македонија. На почетокот на минатата 2016 година беше постави камен темелник. Разговорите ги започна и потоа ги водеше Бил Павлевски, а поранешниот прмиер на владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се приклучи во финишот, по што ја донесоа финалната одлука која се преточи во дело, градба на модерна фабрика во Прилеп која се протега на над 1.000 квадратни мери површина.

Вицепремиерот Анѓушев го поздрави отворањето на овој нов производствен капацитет и увери дека Владата ќе работи посветено се додека не ги пополни до последно место со производствени хали, сите празни парцели во Технолошко индустриската зона во Прилеп, но и во сите други зони во Македонија.

„Македонската Влада и понатаму ќе биде посветена на привлекување на странски инвестиции и ќе биде нивниот најдобар партнер. Со Планот за економски раст странските и домапните компании добиваат ист третман и Владата ги смета сите компании, без разлика на потеклото на капиталот, за македонски компании, бидејќи тука работат и произведуваат“, истакна Анѓушев.

Истакна дека го познава германскиот начин и систем на работа и се надева дека сите германски инвестиции во Република Македонија ќе го пренесат квалитетот и технологијата со што ќе придонесат за технолошки развој и раст на економијата на земјата.

„Знаеме дека постојат определени проблеми со инфраструктурата во ТИРЗ зоната, во поглед на недостаток на вода и канализационен систем. Ве уверувам дека Владата посветено ќе работи да ги надмине овие проблеми и да ги подобри условите во зоната, за да компаниите може нормално да функционираат и да се развиваат“, заврши  Анѓушев.

Согласно деловниот план на компанијата, инвестициските вложувања на компанијата во период од четири години би изнесувале до 3 милиони евра, а би се креирале до 150 нови работни места. Во моментов во фабриката работат дваесетина вработени.