Јаник Синер ja прекина неверојатната серија на Ѓоковиќ во Мелбурн

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е запрен во полуфиналето на Австралија Опен од Италијанецот Јаник Синер кој славеше со 3-1 во сетови.

Ѓоковиќ првпат е поразен во Мелбурн а кога дошол во оваа фаза од натпреварувањето. Новак досега има десет трофеи на Австралија Опен и исто толку пати играл во полуфиналето, автоматски и во финалето. Синер успеа да ја прекине таа традиција.

Српскиот тенисер првпат нема да има можност да се бори за трофеј во Мелбурн а откако стигнал до полуфинале. Ѓоковиќ по цели шест години доживеа и пораз на Австралија Опен, па нема да може да се бори за 11-от свој трофеј на првот гренд-слем турнир годинава.