Јанис Адетокумбо за малку ќе настрадаша при едно забивање

Милвоки бакс славеше против Феникс санс со 123-119 и сега е на праг до освојување на шампионскиот прстен во НБА-лигата, а едно брутално забивање на мечот имаше Јанис Адетокумбо, кој притоа можеше да настрада.

Неверојатниот грчки ѕвер на 13 секунди пред крајот имаше забивање во кошот на Феникс, но тој едвај ја избегна конструкцијата од кошот со неговата глава, па за неколку сантиметри можеше да заработи и сериозна повреда.