Актерката Џенифер Анистон (46) наводно се налутила на поранешниот сопруг Бред Пит (51) и Анџелина Џоли (40), затоа што тврди дека во новиот филм „Покрај море“, Џоли се потсмева со причините за нивниот развод.
Анџелина го режираше и го напиша сценариото за филмот каде таа и Пит играат брачна двојка која се оддалечува еден од друг и чиј брак се распаѓа по десет години, нешто слично како во случајот со Пит и Анистон.
Поранешната сопруга на холивудскиот актер, смета дека Џоли со сценариото сакала да прикаже лажни причини за нејзиниот развод со Пит, тврди извор за UK News.