Одлуката на шведскиот Врховен суд На претходно седмицава да го блокира израчувањето на дисидентот новинарот Булент Кенеш е „многу негативен“ развој на настаните, изјави во вторникот вечерта турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушогли, во моментите кога Анкара сѐ уште се двоуми околу одобрувањето на членството на Шведска и Финска во НАТО.
Чавушоглу пораката ја испрати од прес-конференцијата во Анкара. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во еден настап во ноември по истата тема, го издвои Булент Кенеш како личност која Турција бара да ѝ биде предадено од Стокхолм, посочувајќи ги примерите за турското блокирање на приемот на Шведска и Финска во НАТО.
Педесет итригодишниот новинар Булент Кенеш е обвинет за учество во обидот за државен удар во јули 2016 година и за припадност на движењето на исламистичкиот клерик Фетула Ѓулен кој речиси деценија живее во егзил во САД и Турција го обвинува за водење на цела мрежа кој воспоставила ткн „држава во држава“ со цел да го собори од власт својот поранешен политички сојузник, актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Шведското министерство за надворешни работи соопшти дека е обврзано да дејствува во согласност со пресудата на тамошниот Врховен суд,
„Не можеме да нагаѓаме како тоа потенцијално ќе влијае на пристапувањето во НАТО. Шведската влада мора да го следи шведскиот и меѓународниот закон кога станува збор за израчувањата, што исто така е наведено во трилатералниот договор“, наведува турското министерство за надворешни работи во коментарот за агенцијата Reuters испратен преку електронска пошта.
Турција, Шведска и Финска на самитот на НАТО во јуни во Мадрид потпишаа меморандум, но Анкара повторно се закани со блокирање на приемот на двете нордиски земји. Стокхолм и Хелсинки со него се согласија да преземат низа потези со кои ќе ги отстранат забелешките на Турција за нивите политики кои ѝ штетат на нејзината национална безбедност. Но владите на двете земји подоцна изјавија дека не се согласиле на посебни екстрадиции и дека сите барања од Анкара ќе бидат решавани во согласност со домашното и меѓународното право.
Шведска и соседната Финска по децениите тесна и континуирана воена соработка со НАТО и покрај декларативната воена неутралност, во мај годинава под изговор за закана од Русија по почетокот на војната во Украина, побараа полноправно членство во Алијансата.
Нивната кандидатура поднесена во мај на вонредниот самите на НАТО во Мадрид, досега ја поддржаа 28 од 30-те членки на Северноатлантскиот сојуз, Унгарија тоа ќе го стори во февруари, а Анкара го условува приемот на Стокхолм и Хелсинки со израчување на припадниците на организациите на Ѓулен FETO и на Работничката партија за Курдистан (PKK) кои се означени како терористички организации и бара од двете земји да им го укине политичкиот азил даден на нивни членови против кои има отворено истраги или судски процеси.