Двајца воени пилоти денеска загинаа при пад на хеликоптер во источниот дел на турската престолнина, пренесе „РИА Новости“.
Според првичните информации, хеликоптерот при слетувањето ги закачил електричните кабли и се срушил на земјата.
Екиоажот на воениот хеликоптер бил на обука, двајцата пилоти загинале на самото место, а останатите три членови на екипажот преживеале и префрлени во болница.
Се’ уште се истражуваат причините за несреќата.