Анкара порачува дека не се плаши од заканите

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави во вторникот дека неговата земја нема да ја заплашат заканите, што е создражан прв одоговр на заканата од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја уништи турската економија поради нападите врз сириските Курди.

„Нашата порака до меѓународната заедница е јасна. Турција не е земја на којашто ќе влијаат заканите“, рече потрпретседателот Октај.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во вторникот ја продолжува својата работна посета на Србија, и немаше натамошни реакции од неговата администрација, Претходно во понеделникот американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека „потполно ќе ја уништи и збрише турската економија“, доколку Анкара „отиде предалеку“ преземајќи ја воената операција во Сирија.

Американските трупи започнаа повлекување од североистична Сирија, покрај турската граница. Со тоа се создава простор за турски удари врз силите на сириските Курди, кои Анкара ги смета за фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), која од 1980-те години води вооружен бунт против турската држава.

Сирискиот сојузник Иран соопшти дека ја осудува турската операција на сириска територија. Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф на својот турски колега по должност Мевлут Чавушоглу во телефонски разговор му рекол дека мора да се почитува сирискиот територијален интергритет и суверенитет, соопшти иранската дипломатија.