Претставници на Секретаријатот за одбренбената индустрија, на Генералштабот на турските вооружени сили и компанијата BMC потпишаа во петокот во Анкара договоро за производство на труските тенкови „Алтај“ (Altay).
Челмикот на Секретаријатот за одбранбена идустрија на Турција, Исмаил Демир, на церемонијата на потпишувањето на договорот изјави дека производството на домашните тенкови ќе ја намали зависноста на земјата од скапите порачки од странство, пренесува агенцијата Anadolu. Проектот се проценува на 25 до 30 милијарди долари, а се планира да биде реализиран за 20 години.
Според Демир, тенкот „Altay“ ќе биде водечката воена единица во копнените војски на турските вооружени сили и ќе даде значителен придонес во осигурувањето на одбранбената способност на земјата.
Според договорот, компанијата првично ќе произведе 40 тенкови, а првиот ќе и’ биде доставен на армијата за 18 месеци, а веднаш потоа е предвидено да бидат изработени уште 210 тенокови.Во скора перспектива, во Турција ќе бидат произведени и оперативни 1.000 тенкови „Altay. Со тоа, турските тенковски сили ќе бидат зналително модернизирани.
Проектот наречен „Национален тенк Алтај“ се спроведува според договорот потпишан март 2007 година меѓу Министерството за одбрана и компанијата „Otokar“. Во проектот се вклучени и други турски фирми, како „Roketsan“, „Aselsan“, МКЕ и „Havelsan“. Бидејќи Турција немаше искуство за производство на сопствени тенкови, компанијата „Otokar“ склучи договорсо јужнокорејската компанија „Hyundai Rotem“ за заеднички развој на прототипот на новиот тенк. Како дел од договорот „Hyundai Rotem“ на турската страна и’ ја предаде целосната технологија искористена во корејскиот тенк „K-2 Black Panther.
Првиот примерот од тенкот „Altay“ беше презентиран во мај 2011 година, на самето на вооружувања „IDEF-2011“ во Истанбул.