-0.2 C
Skopje
среда, ноември 6, 2024

Анкета: Дури 61,8 отсто од граѓаните сметаат дека Заев треба да си поднесе оставка

Институтот „АКСИОС“ во периодот од 10.11 до 14.11.2021 година спроведе теренско истражување на територија на цела Република Северна Македонија. Истражувањето е спроведено на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.

Истражувањето е спроведено на примерок од 1123 испитаници на територија на цела Република Северна Македонија.

Статистичкта грешка на истражувањето е околу 2%.

На прашањето дали сметате дека Заев треба да си поднесе оставка, дури 61,8% од испитанциите одговориле дека премиерот треба да си поднесе оставка, додека високи 64,3% сметаат дека оваа влада нема да има промени на подобро.