Анкета: Голем број млади во Србија се изложени на сексуално вознемирување на интернет

Во најновата анкета за ризично однесување, сексуално вознемирување и изложување на млади луѓе на сексуална содржина на интернет се наведува дека српските средношколци во голема мера испраќаат и примаат сексуални содржини преку интернет, 27,5 отсто од испитаниците добиле сексуална содржина од личност која не ја познаваат, додека 24 проценти таква содржина добиле од личност која ја познаваат.
Резултатите од анкетата покажуваат дека 9,4 отсто од младите поминуваат повеќе од осум часа дневно на интернет, 15,9 проценти се од два до три часа, а 17,4 отсто на интернет се од четири до пет часа. Истражувањето покажува и дека повеќе од половина од средношколците користат два или повеќе профили на иста социјална мрежа, како и оти машките повеќе испраќаат пораки со сексуална содржина. Дел од испитаниците изјавиле дека првпат пратиле сексуална порака на 12 години.
Анкетата покажува дека 20,2 проценти од испитаниците испратиле порака со сексуална содржина под принуда и закана.
Сексуалното вознемирување на интернет вклучува недоразбирање на споделување интимни фотографии или видеа, употреба на принуда и закани, сексуално насилство од врсници и несакана сексуализација, но само 22,8 отсто од испитаниците изјавиле дека би побарале помош од родителите кога би имале проблем на интернет.
Анкетата е спроведена од експерти од Центарот за исчезнати и малтретирани деца од Нови Сад, во соработка со тим истражувачи од Катедрата за психологија и студиската програма за социјална работа на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Испитани се 2.950 млади лица на возраст од 15 до 17 години од 40 училишта ширум Србија.