Во анкетата на реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп, речиси три пати повеќе, односно 33,1 отсто од сите испитаници се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна во нивната средина за да ја добие поддршката од населението, а само 12,2% сметаат дека тоа е СДСМ.
Кај македонските испитаници таа разлика е тројно поголема – 48,8 се изјасниле за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а 15,5 проценти за СДСМ.