Французите станале речиси исто песимистични како Грците во време кога Европа се бори со постојан недостиг на изгледи за работа, покажа анкетата на Истражувачкиот центар „Пју“, кој презентираше мрачна слика за светската економија.
Вкупно 53 проценти од Грците рекле дека очекуваат економската ситуација да се влоши во текот на следните 12 месеци, а веднаш зад нив се Французите со 48 отсто, од 44 земји во кои е спроведена анкетата.
Во Грција, Италија и Шпанија, повеќе од 90 отсто од испитаниците рекле дека сегашната ситуација е лоша, додека тој процент во Франција изнесува 88 отсто.