Одржавме јавна анкета и јавна презентација на Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Орман, блокови 11, 12, 13, 14, 15, 15.1, 16 и 17, Општина Ѓорче Петров, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот наопштина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
Со овој урбанистички план, предвидено е домување во станбени куќи со овозможување услови за директна реализација.
Конечно се решаваат сообраќајните инфраструктурни проблеми со планирана инфраструктура што е неопходен предуслов за реализација на истата.
Во интерес на граѓаните го продолжуваме и рокот на јавната анкета од минималните законски предвидени 5 на 11 работни дена.
ДУПот е изложен во просториите на МЗ Волково, а анкетните листови со забелешки може да се доставуваат до 24.01.2022 во просториите на МЗ Волково и општина Ѓорче Петров, пишува Стојкоски во својата објава.