Кандидатот за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во изборната единица 3 и изборната единица 4 со речиси дупло поголемо водство пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Ова се резултати од истражување на јавното мислење на анкетата објавена на јавниот радиодифузен сервис МРТ, а спроведена од Институтот за политички истражувања.
Во изборната единица 3 на прашањето за кој претседателски кандидат ќе гласате на претстојните претседателски избори Силјановска има рејтинг од 27,3 проценти во февруари, а во март 36 проценти. Кандидатот на СДСМ, Пендаровски во ИЕ 3 во февруари има 15,4 проценти рејтинг во март 20,9 проценти. Кандидатот Максим Димитриевски од ЗНАМ во ИЕ 3 во февруари има 3,5 проценти рејтинг, а во март 6,6 проценти, кандидатот Билјана Ванковска на Левица во истата изборна единица во февруари има 3,1 проценти рејтинг, а во март 4,8 проценти рејтинг, Стевче Јакимовски од ГРОМ во ИЕ 3 во март има рејтинг од 1,1 процент. Кандидатите Бујар Османи од ДУИ и Арбен Таравари од албанската опозиција Вреди и во февруари и во март имаат по под еден процент рејтинг во ИЕ 3.
Во ИЕ 3 не сакале да кажат во февруари 14,2 проценти од испитаниците, а во март 10 проценти, не знаеле или немале одговор во февруари 6,6 проценти од испитаниците, а во март 7,5 проценти, за ниеден во февруари се изјасниле 14 проценти од испитаниците, во март 12,1 процент.
Во ИЕ 4 на прашањето за кого би гласале на претседателските избори во февруари 27,2 проценти се изјасниле за Силјановска, а во март рејтингот на Силјановска бил 35,8 проценти. За Стево Пендаровски во февруари се изјасниле 15,8 проценти, а во март рејтингот му бил 22,4 проценти. За Ванковска во ИЕ 4 во февруари се изјасниле 3,2 проценти од испитаниците, а во март 3,4 проценти. Рејтингот на Максим Димитриевски во ИЕ 4 во февруари бил 2,4, а во март 5,2 проценти. За Јакимовски во ИЕ 4 се изјасниле еден процент од испитаниците. Османи и Таравари и во ИЕ 4 во март се под еден процент. Во ИЕ 4 за ниеден кандидат во февруари рекле 13,8, а во март 12,5 проценти. Не знаеле или немале одговор за кандидатите во ИЕ 4 во февруари 12,7 проценти, а во март 6,2 проценти. Во ИЕ 4 не сакале да кажат за кој кандидат во февруари 9,5 проценти и во март 12,6 проценти од испитаниците.