Анкета: Континуиран раст на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ од 21,5, а СДСМ со 13,9 отсто, само 11 проценти сметаат дека Македонија се движи во вистинска насока

Според најновата теренска анкета на Националниот демократски институт НДИ доколку утре има избори во Македонија за ВМРО-ДППМНЕ би гласале 21,5 додека за СДСМ само 13,9 отсто од испитаниците.

ВМРО-ДПМНЕ 21,5%, СДСМ 13,9%, ДУИ 6,2%, Алијанса 3,4%, Беса 3,6%, Левица 2,9%, Движењето Максим Димитриевски 1,7%,  а за никого нема да гласаат 16,7 отсто.

Според анкетата 18,3 проценти од испитаниците не знаеле за кого ќе гласале на следните избори, додека одбиле да одговорат 8,5 отсто од испитаните граѓани.

На прашањето каде се движи државата дури 56 отсто од испитаниците одговориле дека таа е во погрешна насока, додека само 11 проценти дека Македонија се движи во правилна насока.

 

Се намалува процентот на неопределените

Погоред наведената анкета е направена од страна на НДИ на примерок од 1.003 испитаници во април и укажува на континуиран раст на поддршката на избирачите за најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, и тоа со 4 процентни поени во однос на истражувањето кое истиот институт го спроведе еден месец претходно. Наспроти тоа, владејачките СДСМ и ДУИ бележат стагнација односно пад од речиси два отсто споредено со испитувањето на јавното мнение спроведено во февруари и март а објавена во мај.

Тогаш во истражувањето спроведено од 22-ри февруари до 9-ти март за ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија 17 отсто од испитаниците, за СДСМ 12 проценти, ДУИ доби поддршка од 8 од анектираните граѓани, 4 осто изјавија дека би гласале за Левица, 3 проценти за Алијанса за Албанците, додека 1 отсто поддршка доби Движењето Беса. Таа анкета беше спровдена ериодот 22 февруари – 9 март 2023 година со примерок од 1.002 испитаници над 18-годишна возраст на целата територија на државата, преку методот лице в лице.

Меѓутоа, во таа анкета на прашањето тогаш „Доколку изборите се одржат следната недела за која партија би гласате?“ повеќе од половината од испитаниците одговорија дека не би гласале или дека не знаат за кого би гласале. Споредено со денеска објавеното истражување, односно вкупно 26,8 отсто од испитаниците сѐ уште не се определиле или не сакаат да се изјаснат.

Имајќи го предвид и големиот процент испитаници кои оценуваат дека земјата се движи во погрешна насока, станува јасно дека политиките што ги спроведува владата на СДСМ и ДУИ нема никаква поддршка кај граѓаните. Притоа, се забележува трендот на континуирано опаѓање на поддршката за владејачките партии којашто се сведуваат речиси на партриското и на оние кои од чисто лукративни причини даваат поддршка за власта, а што е многу колебливо и кревко гласачко тело.

 

Граѓаните ќе ги поддржат партиите со план за подобра економија

Истовремено доколку се земат предвид и претходно денеска објавените резултати од опсежното истражување на НДИ, се забележува дека избирачите ниско ги оценуваат и пполитиките во сфераа на економијата и заштитата на животниот стандард што ги спроведува актуелната Влада, и кои укажуваат дека економските прашања се сè поважни за граѓаните поради инфлацијата и зголемените трошоци за електрична енергија.

Дури 58 отсто од анкетираните се многу загрижени за намалениот животен стандард, ниските плати и ниските пензии. Четири од десет испитаници трошат најголем дел од семејниот буџет (над 60 проценти) на храна. Речиси половина од населението (48%) велат дека често или повремено имаат тешкотии да ги платат сметките на крајот од месецот, при што граѓаните со пониско социо-економски статус (89%) и оние кои живееат во рурални населени места (53%) имаат поголеми потешкотии да ги покријат трошоците за живот.

Испитаниците се песимисти за иднината, речиси 40 проценти веруваат дека економската состојба, животниот стандард и висината на платите и пензиите ќе се влошат во наредните 12 месеци. Седум од десет анкетирани граѓани (71 отсто) ги поддржуваат партиите кои имаат дефиниран план за подобрување на економската состојба.

„Граѓаните на Северна Македонија се загрижени за намалениот квалитет на живот“, рече Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на НДИ во Северна Македонија, „а мнозинството граѓани ќе ги поддржат политичките партии кои имаат економски план што ќе помогне да се подобри животниот стандард и да се понудат економски можности“.

Речиси една третина од граѓаните (28,7 проценти) сметаат дека намалувањето на вкупната потрошувачка е решение за надминување на сегашната економска криза. Покрај тоа, огромно мнозинство граѓани (91 процент) сметаат дека зголемувањето на цените е најголемата закана за нивната финансиска состојба и предлагаат владата да даде приоритет на „ценовната стабилност“.

Граѓаните ги поддржуваат владините одлуки за зголемување на минималната нето плата (72 проценти), замрзнување на цените (речиси 83 проценти) и ограничување на профитот на основните прехранбени производи (68 проценти). Мнозинството граѓани (67 проценти) сметаат дека владата треба да продолжи со субвенциите за прехранбените производи и сметките за електрична енергија (48 проценти) како ефикасна мерка за ублажување на негативните ефекти од кризата.

Неодамнешната антикризна кампања се смета дека има ограничен досег бидејќи значителен дел од граѓаните (39 проценти) не се информирани за повеќето од мерките, особено граѓаните со понизок социо-економски статус. Додека повеќе од една третина од потрошувачите (38,7%) не се запознаени со нивните права како потрошувачи, 56% не се свесни дека постојат програми за заштита на потрошувачите.

Позагрижувачки е податокот дека над половина од потрошувачите (54%) не им веруваат на давателите на услуги, ниту на судството (71%) во случај на спор околу трансакција со компанија.