Анкета: Македонија се движи во целосно погрешна насока, актуелната власт треба да биде сменета

Во вечерашната емисија „Објектив“ на МРТ 1 беше презентирана спроведената телефонска анкета на ИПИС спроведена во Изборна единица 3 со број на испитаници 1010 и во Изборната единица 4 1035 испитаници. Според анкетата забележуваме дека најголемиот број од граѓаните во Изборната единица 3 и 4 сметат дека Македонија се движи во целосно погрешна насока, како и тоа дека според најголемиот број од нив сметаат дека актуелната власт треба да биде променета.

Во Изборната единица 3 на прашањето според вас, во каква насока се движи Македонија анкетираните во февруари се изјасниле дека во целосно правилна насока се движи Македонија 4,6%, додека пак во март 7,6%. Донекаде правилна во февруари се изјасниле 6,7%, во март 9,6%. Донекаде погрешна во февруари се изјасниле 13,1%, во март 15,0%. Целосно погрешна во февруари се изјасниле 61,8%, во март 63,3%. Додека пак не знам / немам одговор во февруари се изјасниле 14,%, во март 4,5%.

Во Изборната единица 4 на прашањето според вас, во каква насока се движи Македонија испитаниците на прашањето целосно правилна во февруари одговориле 5,0% додека пак во март 7,3%, донекаде правилна во февруари 6,8%, додека пак во март 6,6%, донекаде погрешна во февруари 5,5%, додека пак во март 8,0%, целосно погрешна во февруари 68,8%, додека пак во март 72,9%, не знам / немам одговор во февруари 13,9%, во март 5.2%.

Во изборната единица 3 на прашањето дали, споредено со минатата година, животот во Македонија сега е подобар, или полош за многу подобар во февруари се изјасниле 1,6%, во март 3,9%, делумно / донекаде подобар во февруари 5,3%, во март 7,1%, ист во февруари 21,0%, во март 25,0%, делумно / донекаде полош во февруари 19,7%, во март 20,9%, многу полош во февруари 39,6%, во март 41,1%, не знам / немам одговор во февруари 12,8% во март 2,1%.

Во Изборната единица 4 на прашањето дали, споредено со минатата година, животот во Македонија сега е подобар, или полош за многу подобар во февруари се изјасниле 1,9%, додека во март 2,7%, за делумно / донекаде подобар во февруари 6,9%, додека во март 4,9%, за дека е ист во февруари се изјасниле 13,7%, додека во март 18,2%, за делумно / донекаде полош во февруари 13.8%, додека во март 13,3%, за дека е многу полош во февруари 54,6%, додека во март 50,2%, не знам / немам одговор во февруари 9,1%, додека во март 10,6%.

Во Изборната единица 3 на прашањето според вас дали на наредните избори треба да се промени актуелната власт или таа треба да остане дека треба да се промени во февруари се изјасниле 66,7%, додека во март 69,1%, дека треба да остане во февруари се изјасниле 9,1% додека во март 10,3%, не знам / немам одговор во февруари 24,2%, додека во март 20,6%.

Во Изборната единица 4 на прашањето според вас дали на наредните избори треба да се промени актуелната власт или таа треба да остане, за дека треба да се промени во февруари се изјасниле 69,7% додека пак во март 74,8%, дека треба да остане во февруари се изјасниле 9,3%, додека пак во март 11,4%, не знам / немам одговор во февруари се изјасниле 21%, додека во март 13,8%.