Анкета: Макрон ќе ја победи Ле Пен со 63 наспроти 37 проценти од гласовите

Центристот Емануел Макрон ќе ја победи десничарската Марин Ле Пен со 63 наспроти 37 проценти од гласовите во вториот круг на претседателските избори во Франција в недела. Тоа го покажува најновото истражување на јавното мислење на институтот „Ифоп-Фидюсиал“..

Резултатите од анкетата беа објавени денеска – последниот ден од кампањата пред вториот круг на изборите.

Голем број анкети од оваа недела покажуваат дека Макрон ја зголеми предноста пред Ле Пен за неколку поени. Анкетите припишуваат на центристот резултат меѓу 61,5 и 63 проценти, а на неговата опонентка – 37-38,5 проценти.