Анкета на БИПС: Победа на ВМРО-ДПМНЕ со 54 пратеници во Собранието

Победа на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 54 пратеници предвидуваат резултатите од спроведената анкета на Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи).

На анкетата спроведена во период од 29 јуни до 3 јули, 24,3 проценти од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори. За СДСМ и БЕСА гласот би го дале 20,4 отсто од анкетираните граѓани.

Во албанскиот политички блок, за ДУИ би гласале 4,2 проценти, додека за Алијанса за Албанците 3,1 отсто од анкетираните граѓани.

Од Институтот добиените резултатите ги претвориле во пратенички мандати во законодавниот дом, па според тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе има 54 пратеници, а СДСМ 47. ДУИ ќе освои 11 пратенички места, а Алијанса 8.

Анкетата била спроведена телефонски врз 1.323 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.