Анкета на Брима Галуп: Мнозинството нема доверба во Катица Јанева, сметаат дека е блиска до СДСМ

Порталот Република денеска ги објавува резултатите од вториот дел од теренската анкета која ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп, за потребите на „Република“ во периодот од 30 јануари до 4 февруари 2016 година врз репрезентативен примерок од 1006 испитаници на возраст над 18 години.

Резултатите се однесуваат на повеќе прашања кои се поврзани со темата предвремени парламентарни избори, пржинскиот договор како и теми поврзани со специјалната обвинителка Катица Јанева.

Резултатите од анкетата покажуваат дека дури 50% од граѓаните немаат доверба во Катица Јанева, за разлика од 32,4% кои го мислат спротивното.

Огромното мнозинство од 35.4% сметаат дека Катица Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1% сметаат дека е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ. 19.9% сметаат дека таа следи упатсва и е под влијание на амбасадорите на САД и  ЕУ.

ps1-chart-24-520x131

1-chart-24-520x371 2-chart-20-520x394

Мнозинството граѓани односно 38.9% сметаат дека некоја од политичките партии ќе се обиде да го саботира или избегне постигнатиот договор во Пржино, а на прашањето кој ќе биде тоа, повеќе од половина односно 57.1% сметаат дека договорот ќе биде саботиран од СДСМ, за разлика од дупло помалку односно 25.2% кои сметаат дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.

ps3-chart-5-520x209

4-chart-6-520x394

Повеќе од половина од граѓаните односно 42% сметаат дека одржувањето на предвремени парламентарни избори на 24 април ќе доведат до излез од политичката криза, а двојно помалку односно 19.6% сметаат дека изборите на 24 април ќе доведат до продлабочување на политичката криза. 26.3% сметаат дека тоа нема ништо да промени.

ps5-chart-59-520x302

Огромното мнозинство на граѓани односно 60.5% ќе гласаат на изборите закажани за 24 април и доколку СДСМ не учествува на нив, а само 25.9% одговориле дека нема да гласаат во тој случај.

ps6-chart-68-520x163

Дваипол пати повеќе од граѓаните односно високи 43.6% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ била поконструктивна во преговорите за исполнување на договорот од Пржино, за разлика од 16.7% кои сметаат дека тоа била СДСМ.

ps9-chart-70-520x196

Огромното мнозинство на граѓани односно 40.7% сметаат дека СДСМ е виновна што не се постигна договор за избори помеѓу двете најголеми политички партии, за разлика од 19.5% кои сметаат дека за тоа е виновна ВМРО-ДПМНЕ.

10-chart-71-520x375

Дури 49.8% од граѓаните сметаат дека ЕУ и Меѓународната заедница ја поддржуваат одлуката за спроведување на предвремените парламентарни избори на 24 април, само 4.8% сметаат дека не ја поддржуваат таквата одлука, а 28.8% сметаат дека немаат  ЕУ и Меѓународната заедница усогласен став по однос на ова прашање, односно имаат различни мислења.

ps11-chart-62-520x249

Инаку со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, ги објавуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците. Истовремено, поаѓајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии.