Американскиот републикански институт (IRI) денес излезе со повеќе други прашања, за останати актуелни теми и области од претходно спроведената анекета.
Според анкетата на ИРИ, најважно надворешно политичко прашање е признавање на името на државата Република Македонија за што се определиле 29% од испитаниците, додека 23% сметаат дека тоа е почеток на преговори со ЕУ и интеграција на државата во Европската унија. Додека реферндумски 80% од граѓаните поддржуваат Македонија да стане член на ЕУ, што укажува дека се спротивставуваат на деструктивните сценарија за нејзино одалечување од членство,а само 14 се изјасниле дека се против државата да стане члена на ЕУ. За членство на земјава во НАТО исто е голема поддршката односно изнесува всоки 83%, а 12% се против.
Паѓа во вода и тезата на опозицијата дека изборите биле нерегуларни. Мнозинство од 67% одговориле дека ниту биле лично подложни на притисок за време на изборите како присила, закани, поткуп или друг нелегално средство за да гласа на одреден начин, ниту пак познаваат луѓе кои биле подложни на такво нешто.
Интересно е што наспроти обвинувањата на опозицијата недостаток за демократија и медиумска слобода, нивните прислушкувани материјали ги слушнале најголемиот дел од граѓаните што укажува дека слобода и медиумска независност постои. Имено 37% одговориле дека ги имаат слушнато најголемиот дел од тие разговори, а 43% имаат слушнато некои од разговорите, а само 14% ги немаат слушнато, иако се информирани за нив.
Инаку на истата оваа анкета на ИРИ, ВМРО-ДПМНЕ е со убедлива и огромна предност пред СДСМ и има повеќе од двојна предност. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 23% доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваат само 11% од анкетираните.
Меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски е со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18% од анкетираните граѓани, што е за 2,5 пати поголема поддршка во однос на Зоран Заев кој има доверба кај само 7% од народот. Али Ахмети е веднаш зад него со 6% доверба, а Менудх Тачи има доверба од 2% од граѓаните.
Теренската анкета на ИРИ – Интернационалниот републикански институт е направена од 6 до 15 јуни врз репрезентативен примерок од 1 105 испитаници
Во продолжение следат одговорите на прашањата:
Дали подржувате Македонија да стане член на ЕУ?
- Да 80%
- Не 14%
- Не знам/немам одговор 6%
Дали подржувате Македонија да стане член на НАТО?
- Да 83%
- Не 12%
- Не знам/немам одговор 5%
Кое прашање од понудените е најважно надворешно политичко прашање за Македонија?
- Почеток на преговори со ЕУ/интеграција во ЕУ 23%
- Признавање на името на државата како Република Македонија 29%
- Зголемување на странските инвестиции 18%
- Односите со соседите 10%
- Станување на членка на НАТО 15%
Дали сте ги слушнале прислушкуваните разговори објавени од опозицијата?
- Да ги имам слушнато најголемиот дел од тие разговори 37
- Да имам слушнато некои од разговоритe 43%
- Не немам слушнато, иако сум информиран за нив 14%
- Не ги немам слушнато 4%
- Не знам немам одговор 2%
Дали во наредните две години македонската економија ќе стане подобра, полоша или на исто ниво?
- Подобра 19%
- Иста 43%
- Полоша 29%
- Не знам немам одговор 9%
Зборувајќи лично, каков е квалитетот на вашиот живот?
- Станува подобар 11%
- Полош 37%
- Ист е 52%
- Не знам немам одговор1%
На прашањето за која партија би гласале доколку утре се одржат парламентарни избори граѓаните ја дале следната поддршка:
- За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 23 %
- За СДСМ 11%
- За ДУИ 7%
- За ДПА 3%
На прашањето во кој политичар има најголема доверба, одговорите на граѓаните се следни:
- Никола Груевски 18%
- Зоран Заев 7%
- Али Ахмети 6%
- Мендух Тачи 2%