Анкета на МКД.мк: Власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми на граѓаните

Во однос на актуелните прашања, како на пример скандалот во Клиниката за онкологија, проблемите со учебниците, измените во Кривичниот законик, уставните измени… македонските граѓани немаат доверба во тоа како власта ги разрешува овие проблеми. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Над 60% од испитаниците сметаат дека надлежните органи не ја водат професионално и одговорно истрагата за случајот во Клиниката за онкологија.с

Повеќе од половина од испитаниците (60%) сметаат дека недостигот на учебници во училиштата се должи на неодговорноста на надлежните институции.

с

Речиси половина од испитаниците (49%) сметаат дека измените во Кривичниот законик се направени со цел да се минимизираат казните за политичарите од сегашната власт во врска со постоечки или идни можни обвиненија.

с

Две третини од испитаниците не ги одобруваат честите измени во Уставот и не го оправдуваат начинот на кој беше направена уставната измена за промена на името на Македонија.

с

Речиси исто толку испитаници (65%) сметаат дека за секоја уставна измена треба да се одлучува преку референдум.

с

Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%..

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.