По анализите на МРТ 1 кандидатот за претседател на Република Македонија кај Македонците има повеќе предност проф. др Гордана Сиљановска Давкова. Според графиконите Стево Пендаровски кај Македонците има 22.50 отсто доверба додека Сиљановска Давкова 28.90 посто.
Овие бројки укажуваат дека кандидатот за претседател Сиљановска Давкова ужива поголема доверба кај Македонците околу 6.40 отсто, што не е за потценување. Ако вака продолжи трендот на качување на довербата кај Сиљановска Давкова во вториот круг од претседателските избори ќе победи со убедлива предност. Бидејќи граѓаните веруваат повеќе во програмата и кампањата што ја води Сиљановска Давкова.