![lugje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/lugje.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Високи 57% од испитаниците во анкета на „Омнибус“ веруваат дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ подобро ги штити македонските интереси споредено со претходната Влада на СДСМ.
На прашањето „Којa Влада подобро ги штити националните интереси?“, 21% од испитаниците одговориле дека СДСМ добро ги штитела националните интереси, а високи 57% мислат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ многу подобро ги штити македонските национални интереси.
Којa Влада подобро ги штити националните интереси?
o Владата на ВМРО-ДПМНЕ: 57%
o Владата на СДСМ: 21%
o Ниту една од двете: 22
43% од граѓаните мислат дека во следните 5 години ќе се подобри, 32% дека ќе остане исто, а 25% веруваат дека истиот ќе се влоши.
Што мислите, дали животот во Македонија ќе се подобри, остане ист или ќе се влоши во следните 5 години?
o Ќе се подобри: 43%
o Ќе остане ист: 32%
o Ќе се влоши: 25%
Анкетата беше спроведена во периодот од 22 до 29 јануари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ по пат на телефонско јавување на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници на целата територија на Република Македонија.
Анкетата е насочена кон мерење на јавното мислење на теми поврзани со оптимизмот на граѓаните, довербата во институциите, перформансите на двете влади и актуелните политички и економски теми. Истата е дизајнирана да обезбеди анонимни одговори, гарантирајќи искреност и точност во резултатите.
Прашалникот вклучуваше четири главни делови: оптимизмот на граѓаните, довербата во институциите, споредба на перформансите на двете влади и ставовите за актуелните теми.