Анкета: Повеќето Германци не ја сакаат повторно Ангела Меркел

Мнозинството Германци не би сакале Ангела Меркел повторно да биде канцелар, покажа истражувањето на јавното мислење.

Околу 70 отсто од испитаниците не сакаат враќање на конзервативната политичарка која се повлече по минатогодишните избори, по 16 години како канцелар, покажа репрезентативното онлајн истражување спроведено од Институтот Civey за медиумската групација Функе.

Помалку од една четвртина – околу 23 проценти – би сакале да ја видат Меркел повторно на чело на најголемата европска економија, покажува истражувањето.

Сепак, околу 43 отсто од анкетираните рекле дека мислат дека Меркел ги извршува своите должности подобро од актуелниот канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц, додека 41 отсто се со спротивен став.