Најновите испитувања на јавното мислење покажува дека се повеќе Австријци стравуваат од тероризам.
Според истражувањето на институтот „Галуп“, 56 отсто од Австријците веруваат дека нивната земја во следниот период би можела да стане мета на тероростички напади.
Само 30 проценти од испитаниците се чувствуваат безбедно.
И покрај се поголемиот страв од тероризам, 43 отсто Австријци одговориле дека нема да им дозволат на терористите да им ги расипат плановите за годишен одмор.