АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ има поквалитетно раководство и подобра економска програма од СДСМ

Институтот Димитрија Чуповски, во периодот од  седми до деветти декември 2013 година спроведе истражување на  јавното мислење по пат на телефонска анкета на територијата на Република Македонија врз репрезетнативен примерок од 1.115 испитаници.

На прашањето „Дали сметате дека доколку СДСМ дојде на власт ќе ги исполни ветувањата дадени во оваа програма (имаат капацитет и умешност да ги исполнат)“, само 24,4 отсто одговориле со „да“ додека повеќе од половина или 53,3 отсто од испитаниците одговориле негативно, а 22,3 не знаеле.

За 56,6 отсто од испитаниците мерките на СДСМ се само предизборен маркетинг (манипулација), а 19,5 сметаат дека се добро обмислени. Со не знам одговориле остананите 23,9 отсто од испитаниците.

На прашањето од  Институтот Димитрија Чуповски „ Која политичка партија има поквалитетно и поспособно раководство?“, 40,9 отсто од испитаниците во анкетата одговориле ВМРО-ДПМНЕ, додека раководството на СДСМ за способно го сметаат 21,6 отсто.  Останатите одговориле со не знам.

На 1.115 испитаници и им било поставено и прашањето „Која политичка партија има подобра економска програма?“, на што 21,2 отсто одговриле СДСМ, а 37,3 отсто ВМРО-ДПМНЕ.