Институтот „Димитрија Чуповски“ во периодот меѓу 16 и 18 април спроведе телефонска анкета на 1.500 испитаници за да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во Република Македонија.
На прашањето за која партија би гласале на предвремените парламентарни избори 14.1 отсто одговориле дека би гласале за СДСМ, двојно повеќе, односно 28.4 осто од испитаниците кажале дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 24.3 отсто се изјасниле деке не би гласале за ниту една партија.
Врз основа на резултатите од испитаниците, Институтот „Димитрија Чуповски“ составил резултати за тоа која партија колку пратенички места би освоила на предвремените парламентарни избори. Повторно ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ. Резултатите покажале дека Социјалдемократскиот Сојуз би освоил 31 пратеничко место, а ВМРО-ДПМНЕ двојно повеќе, односно 63 пратенички места.
Исто така резултатите од спроведената анкета покажале дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се уште е со најголема доверба кај граѓаните. 29,7 отсто од испитаниците се изјасниле дека најголема доверба имаат во Никола Груевски, со што тој убелдиво предничи пред лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој ја има довербата на само 6,5 отсто од испитаниците. 24,3 отсто од испитаниците се изјасниле дека не веруваат во ниту еден политичар.
На прашањето за која партија мислат дека ќе победи на предвремените парламентарни избори 43.2 отсто одговориле дека сметаат дека победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, а 12.9 сметаат дека на изборите ќе победи СДСМ.
Резултатите од анкетата покажале дека и претседателот Ѓорѓе Иванов ужива двојно поголема доверба кај граѓаните за разлика од претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. 33,8 отсто од испитаниците одговориле дека на вториот круг од претседателските избори ќе гласаат за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Ѓорѓе Иванов, а 14.2 отсто одговориле дека ќе гласаат за Стево Пендаровски. 25.3 отсто од испитаниците рекле дека не знаат за кого ќе гласаат, а 26.7 отсто се изјасниле дека нема да гласаат за ниту еден од двајцата кандидати.
Според истражувањето, очигледно е дека негативната кампања, како онаа што ја форсира опозициската СДСМ, повеќе не е атрактивна и пресудна за одлуката на граѓаните за кого ќе гласаат. Анкетата покажува дека македонсиите граѓани многу повеќе почитуваат концепти и програма, отколку валкани политички напаѓања.