
Главниот агентар на американскиот претседател Доналд Трамп, објави во неделата истражување на јавното мнение во Македонија во пресрет на предвремените парламентарни избори, кое укажува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на 15-ти јули.
„Изминатата година спроведовме анкета во Македонија. Истражувањата покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните парламентарни избори“, соопштуваат од анкетната куќа McLaughlin.
Анкетната куќа која соработува со американскиот претседател Доналд Трамп испратила свои луѓе во Македонија, кои во изминатиот период константно вршеле реални испитувања на јавното мислење на граѓаните за кого ќе гласаат.
Од таму ги објавуваат рејтинзите на македонските политички партии според резултатите од анкетирањата. Во секое од нив е забележано дека најголема доверба македонскиот народ има во ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за престижната американската агенција за истражување на пазарот „McLaughlin & Associates“ а којашто ги прави и анкетите за кампањата на републиканецот Доналд Трамп.
Според презентирантие резултати, во Изборната единица 1 ВМРО-ДПМНЕ води со 28% пред СДСМ за кој поддршка дале 25% од анкетираните. Рејтингот на ДУИ е 6% на Алијасата за Албанците (АА) 4% на ДПА 1% и на сите останати исто така 1%. Во првата изборна единици 35% од гласачите сѐ уште не се одлучиле за кого ќе гласаат. Репрезентативниот примерок на испитаници во оваа изборна единица е 1.005 гласачи.
Во Изборна единица 2, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 26%, на СДСМ 24%, ДУИ има рејтинг од 9%, АА 7% а за ДПА и за останатите како и во првата изборна единица така и тука се определиле 1% од гласачите. 32% сѐ уште не се одлучиле на кого ќе му го дадат гласот. Репрезентативниот примерок на испитаници е 991 гласач.
Во Изборната единица 3 битката ќе се води меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ каде што ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, односно за неа ќе гласаат 39% од гласачите додека за СДСМ 32%. Во оваа изборна единица 29% од гласачите не одлучиле кому ќе му ја дадат довербата. Репрезентативниот примерок на испитаници е 967 гласачи.
И во Изборната единица 4 каде, каде ќе се соочат генералниот секретар на опозицската ВМРД-ДПМНЕ, Александар Николоски и претседателот на владејачката СДСМ, Зоран Заев, убедлива предност има опозицискиот политичар. Според резултатите од 975 испитаници за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 38% од гласачите, додека за СДСМ 33%. Еден процентен поен отпаѓа на малите партии од македонскиот блок, додека 28% сѐ уште не донеле одлука.
Во Изборна единица 5, каде што силите ќе ги одмерат оперскиот превенец и судски гонетиот за настаните во парламетот Игор Дурловски и актулената министерка за одбрана Радмила Шекеринска во македонскиот блок, за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 31% додека за СДСМ 28%. За ДУИ ќе гласаат 5% од избирачите, за АА 4% додека за ДПА 1%. Процентот на гласачи кои сѐ уште не одлучиле за кого ќе го дадат гласот е 31%. Репрезентативниот примерок на испитаници за оваа изборна единица е 967 гласачи.
Единствена предност коалицијата на СДСМ и БЕСА има во Изборната единица 6, каде што 17% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласааат за нив, додека 12% од гласовите ќе легнат на контото на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ, како и на претходните избори има најголемо гласачко тело во оваа изборна единица од 26%. Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива ќе биде поддржана од 20% од гласачите додека за ДПА ќе гласаат 3% од граѓаните. Репрезентативниот примерок на испитаници е 22 отсто од електоратот во „шетката“.
Во анкетата на крајот се заклучува дека голем е бројот на гласачи кои сѐ уште не одлучиле како ќе гласаат, но дека ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ доколку севкупно се резимираат резултатите во сите шест изборни единици вкупно.
Преглед: ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари победа во петт од шесте изборни единици.
Во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 28%, СДСМ 25%, ДУИ 6%, АА 4%, ДПА 1%, други 1% и 35% се неопределени.
Во ИЕ2 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 26%, СДСМ 24%, ДУИ 9% АА 7%, ДПА 1%, други 1%, 32% неопределени.
ВО ИЕ 3 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 39%, СДСМ 32%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 0, 29% се неопределени.
ВО ИЕ 4 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 38%, СДСМ 33%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 1, 28% се неопределени.
ВО ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 31%, СДСМ 28%, ДУИ 5%, АА 4, ДПА 1%, други 0, 31% се неопределени.
ВО ИЕ 6 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 12%, СДСМ 17%, ДУИ 26%, АА 20, ДПА 3%, други 0, 22% се неопределени.
Резултатите од анектата се јавно објавени на Твитер.