Таканаречената анкета late poll спроведенда од социолошкиот институт Ipsos ја потврдива минималната победа на актуелниот полски претседател Анджеј Дуда на неделните избори,
Истражувањето late poll е анкета која се спроведува на денот на изборите по завршувањето на гласањето, врз основа на резултатите од протоколите изразени од комисиите со кои работеле социолозите.
Според оваа анкета, во вториот круг од претседателските избиро кандидатот поддржан од владејачката конзервативна партија Правда и сраведливост (PiS) освои 50,8 отсто од гласовите, наспроти кандидатот на либералната опозициска Граѓанска платформа и актиелен градоначалник на престолнината Варшава, Рафал Тшасковски, кој освоик 49,2 отсто од гласовите.
Претходно истиот социолошки институт Ipsos ги објави резултате од излезните анкети (exit poll), според кои исто така победува Дуда со 50,4 отсто, пред Тшасковски кој има помалку 0,8 отсто од гласовите.
Маргината на грешка на Ipsos, која ги спроведува истражувањата, изнесува 2 отсто, па така „сѐ уште е прерано да се зборува за победник на изборите“, се наведува во прилогот.
Во првиот круг Дуда освои 43,50 отсто од гласовите, а Тшасковски 30,46 отсто, но беше најавено дека другите десетина претседателски кандидати ќе ги повикаат своите гласачи да гласаат за кандидатот на опозицијата.