Анкетата на Стратум е нерелевантна и е направена по партиска нарачка, вели Латас, оваа влада ги брои последните 100 дена

Мене не ме изненадува со оглед дека тоа е Агенција која добила пари од Фондот за иновации. Фондот за иновации знаеме дека е една од институциите која беше меѓу најмногу прозиваните за корупција за делење на пари на медиуми и новинари блиски до власта, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за направената анкета од Стратум објавена во неделникот Фокус во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Според Павловиќ Латас, анкетата на Стратум е нерелевантна, бидејќи како што рече кога се анкетите во прашање за една анкета да е релевантна мора да се направи сублимат од повеќе анкети за исти или слични прашања и потоа да се земе просекот. И вториот пристап кој според него е важен на сето тоа да се додадат анкетите од странските институции кои имаат силен мониторинг врз процесот на анкетирање и применуваат методи кои се во Европа и САД.

Јас кога се анкетите во прашање имам два пристапа. Прво, мора повеќе анкети од повеќе извори, да се направи некаков сублимат и да се извлече некаков просек, доколку има исти или слични прашања. А второ, мора кон тоа да се додадат анкетите од странските институции кои имаат силен мониторинг врз процесот на анкетирање и применуваат методи кои се во Европа и САД релевантни, истакна Павловиќ Латас.

Павловиќ Латас рече дека другите анкети покажуваат се слични бидејќи покажуваат голема предност за ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, додека лидерот на опозицијата Мицкоски веќе 2 години според сите анкети е политичар со најголема доверба.

Според тие анкети, надвор од оваа на Статум или Фокус, имаме единствени резултати, да кажам многу слични, односно дека ВМРО-ДПМНЕ е некаде двојна предност, а некаде близу двојна предност во однос на СДСМ, од една страна. И од друга страна Мицкоски е веќе 2 години политичар со најголема доверба во јавноста, кажа тој.

Латас потенцираше дека за разлика од претходно кога Мицкоски имал мала предност пред поранешниот лидер и премиер на Зоран Заев, сега има убедлива предност пред сегашниот лидер на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

Претходно беше мала предност на Мицкоски пред Заев. Но, сега е убедлива предноста на Мицкоски пред Ковачевски, нагласи Латас.

Според Латас анкетата на агенцијата Стратум е нерелевантна и е направена по партиска нарачка на власта за која што рече ги брои последните 100 дена.

Значи зборувам за анкетите од Демократскиот американски институт, и од другите странски агенции. Така што оваа на Стратум е исклучок од другите 10 анкети, јас не можам да ја сметам за релевантна, освен по партиска нарачка за власта која како и да гледаш ги бори последните 100 дена, смета Павловиќ Латас.