Анкетите предвидуваат победа на крајната десница на предвремените избори во Франција

Крајната десничарската партија Национален собир, чиј основач е фактички лидер е Марин Ле Пен, ќе биде победник на предвремените парламентарни избори во Франција, но партијата не требало да освои апсолутно мнозинство, покажуваат првите анкети по шокантната одлука на претседателот Емануел Макрон да го распушти парламентот.

По големиот пораз на неговата партија Преродба на изборите за Европскиот парламент, Макрон најави предвремени избори за долниот дом на парламентот, кои треба да се одржат на 30 јуни, за неполни три седмици, додека вториот круг е закажан за 7 јули.

Антимигрантската, евроскептична партија Национален собирмитинг (RN) би освоила 235 до 265 места во Националното собрание, што е голем скок од сегашните 88, но помалку од 289 потребни за апсолутно мнозинство, според анкетата што ја спровела агенцијата Toluna Harris Interactive.

Центристичката алијанса на Макрон може да се преполови, од 250 на 125 или на 155 мандати, според истата анкета. Левичарските партии заедно би можеле да контролираат од 115 до 145 места во долниот дом напарламентот, иако секоја партија би можела сама да излезе на избори.

Не е сигурно дали Народниот собир ќе ја води владата, со или без сојуз со други партии. Други сценарија вклучуваат широк спектар на „мејнстрим“ партиски коалиции или целосно нестабилен парламент.

Но, шокантната одлука на Макрон навистина ѝ нуди на популарната крајна десница реална можност да дојде на власт. Веднаш по одлуката на Макрон, еврото падна, француските акции и државните обврзници потонаа.

НАционалниот собир на изборите за Парламентот на Европската унија освои 31,4 отсто од гласовите, додека коалицијата собрана околу Преродба освои само 14,6 отсто од гласовите.

Дури и доколку Национален собир освои мнозинство во францускиот парламент, Макрон сепак ќе го има претседателството уште три години и сè уште ќе ја има одбраната и надворешната политика под негова контрола. Сепак, тој би ја изгубил контролата врз домашните прашања како што се економската политика, безбедноста, имиграцијата и финансиите, што, пак, би влијаело на другите политики, како што е помошта за Украина, бидејќи би му била потребна владина поддршка за финансирање на каква и да е помош од францускиот буџет.

Извор близок до Макрон изјави за Reuters дека 46-годишниот политичар, чие владеење е ослабено откако го загуби апсолутното мнозинство во парламентот пред две години, пресметал дека може да освои мнозинство ако ги изненади сите политички ривали со распишувањето предвремени избори.

За Ле Пен и Бардел предизвикот е популарноста да се преточи во победа. Гласањето најверојатно ќе биде под влијание не само од незадоволството од стилот на владеење на Макрон, зголемените трошоци за живот и имиграциските политики, туку и од прашањето дали на Нациоанлниот собир може да му се верува да води голема европска влада.

Меѓу своите политики, Националниот собир предлага поголема јавна потрошувачка, и покрај високите нивоа на францускиот долг, со што се заканува дополнително зголемување на каматните стапки на банкарски заеми.

Нациоанлниот собир, исто така, сака да депортира повеќе мигранти, да го запре соединвуањето на семејствата на мигрантите, да ги ограничи детстките додатоци за француските граѓани, да им даде приоритет на француските граѓани во пристапот до социјалните станови и работни места и да ги укине дозволите за престој на мигрантите кои се невработени повеќе од една година.