Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето ќе одржи седница. Се очекува денес премиерот Никола Груевски во улога на сведок да се појави на закажаната седница на собраниската анкетна комисија за аферата со прислушувањето.
Денешниот термин, премиерот Груевски го одбра самиот, откако минатата недела не се појави на сослушувањето поради службени обврски.
Сослушувањата на сведоците, меѓу кои се и неколкумина актуелни и поранешни министри, треба да заврши до 22 јануари.