Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор на денешната панел дискусија „Катастрофална меѓународна политика на Македонија“ зборуваше за меѓународната политика на оваа влада која е катастрофална.
-Меѓународната политика на оваа влада е катастрофална, немам дилеми околу тоа. Меѓутоа, надворешна политика во основа е фалична во последните 30 години односно дефектна, со оглед дека е креирана од луѓе кои едноставно не веруваа во македонската држава од независна македонска држава и своите фрустрации ги пренесоа од Белград во македонската надворешна политика и македонското надворешно политичко претставување. Сето тоа после што се случуваше во основа е реминистенција на она што се случуваше во првите години од создавањето на македонската независна држава, така да последиците денеска ги чувствуваме сите заедно, рече тој.
Јанкуловски во текот на своето обраќање посочи дека во последните 7 години со доаѓањето на власт на оваа влада во основа има еден комплетен дилетантизам во поглед на водењето на надворешната политика.
-Се работи за еден процес кој трае веќе 30 години, сепак во последните 7 години со доаѓањето на власт на оваа влада во основа гледаме еден комплетен дилетантизам во поглед на водењето на надворешната политика и на остварувањето на целите на надворешната политика, во контекст на заштитата на националните интереси преку надворешно политичко претставување, така што едноставен заклучок е дека се работи за нешто што е промовирано во надворешната политика како би рекол, незнаење и целосен дилетантизам, кажа тој.
Јанкуловски посочи дека владата нема ниту стратегија, ниту имаме план како да го реализира она што е интерес на Македонија.