Анонимен 18-годишен Србин потпиша за Голден Стејт

Ален Смаилагиќ, 18-годишниот Србин во следната сезона ќе заигра во најсилната лига во светот, НБА лигата. Смаилагиќ е избран како 39-ти пик од страна на Њу Орлеанс, но поранешниот првак Голден Стејт го откупи за два милиони долари.

Тинејџерот ќе заработува 900.000 долари и би требало да го исполни својот сон и да заигра со своите идоли.

Смагалиќ играше во српската третата лига за тимот Беко, а минатата година премина во развојната лига на САД, каде што го носеше дресот на Санта Круз Вориорси.

Покрај Д’Анџело Расел, овој млад Србин е единствено ново име во таборот на „воините“ ова лето.