![albanskavlada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/albanskavlada.jpg?resize=500%2C375&ssl=1)
Албанската полиција претпладнево ги евакуираше вработените и присутните во заградата на Владата на Албанија, поради добиена анонимна закана за поставена бомба во објектот, јави дописникот на МИА.
Полициски извори потврдуваат дека е добиен анонимен телефонски повик во кој лице рекло дека поставило експлозивна направа не наведувајќи го точото место.
Времено вработените во Владата се смесетени во просториите на Министерството за финансии, додека припадници на полицискиот оддел за антитероризам вршат проверка на зградата.
Полицијата го блокира поширокиот простор околку Владата.