Анонимуси извршиле напад врз Грчката Централна банка

Грчката централна банка беше мета на хакерски напад од активистите на хакерската група Анонимуси во вторникот, поради што беше нарушена работата на веб страницата на банката, пренесува Катимерини повикувајќи се на официјално соопштение на Грчката Банка.

Нападот траел неколку минути и бил успешно пресретнат од безбедносните системи на банката. Единствено нешто што беше погодено од овој напад беше нашата веб-страница, тврдат извори од Банката што побарале да останат анонимни.