Анонимуси и објавија војна на ИД – Исламска Држава. Преку видео снимка објавена на Јутјуб хакерската група Анонимуси најавија дека ќе ја спроведат нивната најголема акција досега и ги предупредија терористите дека треба да ги очекуваат.
Анонимусите од целиот свет ќе ве следат. Треба да знаете дека ќе ве најдеме и нема да ве пуштиме. Ќе ја спроведеме досега најголемата операција, против вас, се вели во пораката.
Во пораката на терористите им порачуваат дека треба да очекуваат „масивни“ кибер напади.
Војната е објавена. Подгответе се! Францускиот народ е позилен од вас и ќе излезе од оваа трагедија уште посилен.
По нападите врз Шарли Ебдо во јануари, анонимуси почнаа со објавување на листа на налози на Твитер, за кои тие тврдеа дека шират пропаганда на ИД.