Словенечкиот премиер Јанез Јанша ги осуди западните членки на ЕУ за наметнување замислени европски вредности и непочитување на локалните култури.
Јанша ја поддржа Унгарија во борбата против ЛГБТ содржините во училиштата и на телевизија, објави Раша Тудеј.
На првиот ден од претседавањето на Словенија со Советот на министри на Европската унија, Јанша јасно стави до знаење дека неговите приоритети можеби не се совпаѓаат со приоритетите на западните сили на Унијата.
Тој отворено се спротивстави на Европската унија за промовирање на нејзините либерални вредности во Источна и Централна Европа, вклучувајќи ги и ЛГБТ вредностите.
Наметнувањето замислени европски вредности ќе биде најбрзиот пат до распад на Европската унија, нагласи Јанша.
Европската унија обединува земји со различни традиции, со различни култури, постојат разлики што треба да се земат предвид и да се почитуваат – рече тој.
Заедно со полскиот премиер, Јанша беше единствениот лидер на ЕУ кој го поддржа унгарскиот премиер на самитот поради законот за припадниците на ЛГБТ заедницата, а исто како и Виктор Орбан и тој се судри со Брисел, чии претставници знае да ги нарече „неизбрани бирократи”, поради нивната критика кон медиумските слободи и спроведувањето на владеењето на правото и медиумските слободи во Словенија.
Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се согласи со Јанша, велејќи дека слободата на изразување, различноста и еднаквоста се основните европски вредности што треба да се поддржат, пренесе РТ.