Јанша: Не постои документ со кој Словенија заговарала промена на границите

Не постои никакво дикумент, ниту ткн „нон-пејпер“ со којшто Словенија заговарала промени на границите на Балканот, порача во петокот словенечкиот премиер Јанез Јанша во текот на разговроот со членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ.

Како што соопшти Претседателството на БиХ, Јанша во текот на денот му се јавил на Џаферовиќ за да ги појасни шпекулациите за наводниот документ со кој би се заговарала поделба на БиХ, но и промена на границите на другите држави во регионот.

Фотокопија од наводниот документ на англиски документ ја објави еден словенечки портал противнички настроен против десната влада на Јанша и близок на неолибералната словенечката европратеничка Тања Фајон, но притоа не даде никакво појаснување кој го составил и кому му бил упатен.

„Претседателот на владата на Словенија, Јанез Јанша, го извести челнот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, дена не постои нон-пејпер кој би можело да биде доведен во врска со владата на Словенија, а кој би вклучувал прекројување на границите или повртедата на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, стои во соопштението за медиумите од Претседателството на БиХ,

Истакнато е дека Јанша ја пренел пораката дека Словенија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и нејзиниот евроатлантски пат, почитувајќи го целосно Дејтонскиот мировен договор.

Џаферовиќ во телефонскиот разговор текол дека уште на старот треба да се оневозможи секоја приказна за етничките и територијалните поделби на Босна и Херцеговина, како и дека единствениот пат за земјата е нејзината натамошна внатрешна реинтеграција и евроатлантската интеграција.

Јанша и Џаферовиќ разговарале и за претстојното претседавање на Словенија со Советот на Европската унија коешто започнува во јули, како и за претстојниот самит ЕУ – Западен Балкан чиј домаќин ќе биде Словенија и чијашто главна тема би требало да биде забрзување на интеграциите на државите од регионот во Унија.