Јанша предупреди дека „исклучително“ тешко ќе се влегува во Словенија

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави во неделата дека ќе биде исклучително тешко да се влезе во Словенија за време на празниците, како и во многу други земји членки на Европската унија.

„Не ја минувајте границата,“ порача Јанша на Twitter, истовремено објавувајќи ги извештаите од медиумите за застој во сообраќајот, што од вчера е предизивикан на граничните премини со Хрватска со огромните колони возила.

Словенечка службена новинса агенција STA наведува дека денеска нема извештаи за застој во сообраќајот, за разлика од вчера кога проблеми имаше на речиси сите гранични премини со Хрватска, каде патниците, главно од Италија, Швајцарија и Германија, до девет часа чекаа за влез во Хрватска.

Агенцијата забележува дека сите соседи на Словенија се уште се на црвената листа, што значи дека никој од нив не може да влезе во Словенија без да оди во карантин или да покаже негативен PCR тест за коронавирус.