Имајќи ги предвид веќе нарачаните количества од вакцините против коронавирусот на производителите „Pfizer-BioNTech“ и „Moderna“ кои ќе бидат добиени во рамките на Европската унија, Словенија поставената цел да вакцинира 70 отсто од населението би можела да ја постигне уште на почетокот од летото, изјави во вторникот премиерот Јанез Јанша.
„Според планираните испораки на вакцината, до почетокот на летото Словенија веќе може да постигне 70-процентно вакцинирање на населението против болеста Covid-19, и така практично да ја заузди епидемијата, барем во рамките на нашите граници“, изјави премиерот Јанез Јанша.
Според него, лекарите во текот на вакцинирањето мора строго да го почитуваат редоследот утврден во европската и национална стратегија за вакцинирањето, со кој прво се вакцинираат ранливите групи според однапред утврдени критериуми, а доколку некој поединец кој се пријавил за вакцинирање се откаже, тогаш вакцината мора да ја добие следниот од истата ранлива група, а не некој друг, предупреди Јанша.
Словенија порача 2.757.948 дози од вакцината на „Pfizer/BioNTech“ и 470.000 дози од вакцината на „Moderna“, што вкупно сочинува 3.227.948 дози од вакцините кои се веќе одобрени во ЕУ. Тоа значи дека Словенија веќе обезбедила вакцини за 1.613.974 целосни вакцинирања со двете дози.
Кога станува збор за нарачените дози од вакцините кои сѐ уште не го добиле одобрувањето од Европската агенција за лекови (ЕМА), Словенија има 1.397.336 дози нарачани од ‘Astra/Zeneca’, 1.039.880 дози од ‘CureVac’ и 940.000 дози од ‘Jenssen’, прецизираше Јанша.
Додаде дека неговата влада следниот месец би можела да одреди постепено укинување на рестриктивните мерки, кога ќе биде јасно како темпото на вакцинирањето влијае на зголемувањето на иминутетот во земјата. Тогаш ќе биде донесена и стратегијата за излегување од епидемијата, односно мерките потребни за субвенционирање на претпријатијата и граѓаните поради штетите кои ги претпреле во кризата предизвикана од пандемијата.
Преку ЕУ, Словенија осигурала повеќе од 3 милиона дози од вакцината за оваа 2021 година, а Унијата како целина 2,3 милијарди дози. Тоа е повеќе од вистинските потреби, па вишокот ќе се споделува со соседните држави кои не се членки и со трети помалку развиени држави во светот, најави Јанша на прес-конференцијата одржана на Брдо крај Крањ.