Јанша: Во ЕУ не мора сите исто да мислат

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, одговарајќи на новинарско прашање во четвртокот за неговото застанување зад унгарскиот премиер Виктор Орбан на минатонеделната дискусија на самитот на Европската унија за новиот унагарски закон за заштите на малолетниците од промоција на ЛГБТИ содржини, порача дека во Унијата не мора сите да мислат исто.

На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен во Брдо кај Крањ, словенешкиот премиер Јанез Јанша истакна дека во дискусијата на самитот на ЕУ во Брисел никој не ги довел во прашање човековите и правата на малцинските групи, но дека Европската унија е заедница на 27 држави членкои со различни култури и дека не мора задолжително сите да мислат исто.

„Европската унија нема да стаен лонец за претопување во којшто сите ќе мислат исто“, рече Јанша.

Челниците на државите членки на ЕУ дискутираа минатиот четврток за унгарскиот закон со кој се забранува наставни содржини со промовирање на ЛГБТИ темите и сексуалното образование на малолетниците го препушта на семејството, што од половината членки беше критикувано како хомофобен, а според медиумските извештаи кои се овикуваа на дипломатски избори, расправата на моменти била „многу емотивна“.

Особено отворен во критиките на Будимпешта беше холандскиот премиер Марк Руте, кој за новинарите по доаѓањето на самитот во Брисел рече дека Унгарија со таков закон „нема што да бара во ЕУ“. Според дипломатските извори, Руте го повикал унгарскиот премиер Виктор Орбан да го повлече законот или да ја напушти Унијата.

Урсула фон дер Лејен истакна дека „заштитата на малцинствата е еден од основните принципи на Европската унија“ и најави дека ЕК наскоро ќе испрати предупредувачко писмо на владата на Унгарија во врска со споменатиот закон, за кој неолибералните бирократи во Брисел тврдат дека ги „крши правата на сексуалните малцинства“.

Јанша на заедничката прес-конференција по средбата на членовите на ЕУ и на словенечката влада на почетокот од словенечкото претседавање со Советот на ЕУ, меѓу другото, рече дека проширувањето на Унијата на западен Балкан е стратешки одговор на бројни предизвици. Оттаму, словенечкото претседателство на 6-ти октомври ќе организира самот на ЕУ и земјите од западен Блакан.

„Во последената деценија кога проширувањето на ЕУ не беше во прв план видовме дека на областа на западниот Балкан се шири некој друг, а тоа не е ширење на слободата и владеењето на правото“, рече Јанша.