Анталијаспор ќе ангажира двајца бивши освојувачи на ЛШ

Турскиот клуб Анталијаспор ќе го стресе фудбалскиот пазар со ангажман на две фудбалски ѕвезди, кои се на залезот на кариерата – Самуел Ето и Роналдињо.

Двајцата бивши освојувачи на Лигата на шампионите, екс-соиграчи во Барселона ќе го засилат овој турски клуб најави претседателот на клубот и ја дигна цела Анталија на нозе.

Градот на турскиот југ, кој е најпознат поради најдобрите фудбалски услови за зимски подготовки во сезоната, создава тим за респект, кој дури и би ги предизвикал истанбулските гиганти во новата сезона.

Ѓултекин Генчер веќе најави дека Самуел Ето, европски првак со Барса и Интер е веќе договорен, а наскоро ќе се започнат конкретните преговори и со бившиот најдобар светски фудбалер Роналдињо.

“Ние се договоривме со Ето и неговиот менаџер. Треба да се решат само ситни детали. Сампдорија треба да ја прекине соработката со Камерунецот, а добивме ветување дека тоа ќе се случи денеска, па ние ќе може официјално да го потпишеме договорот”, вели Генчер.

Најави дека утре братот на Роналдињо, Роберто Асис доаѓа во Анталија на заврши подготовки.

“Ние преговараме со Роналдињо. Неговиот брат ќе дојде во четврток во Анталија, а во петок ќе ги започнеме преговорите”, додаде Генчер.

Инаку третата ѕвезда на тимот е поранешната голема надеж на холандскиот фудбал Ибрахим Афелај, чиј договор со Барселона истекува летово.