Античкиот град Палмира во рацете на ИСИС

Сирискиот антички град Палмира падна во рацете на Исламската држава.

Војската и цивилното население масовно го напуштаат градот, лоциран во провинцијата Хомс, 210 километри од Дамаск, информираат сириските медиуми.

Со тоа, исклучителните древни градби, кои се сметаат за едни од највредните на Блискиот исток, се во рацете на џихадистите и се стравува дека можат да бидат уништени.

Исламската држава неодамна целосно ги уништи древните локалитети Хатру и Нумруд во Ирак, за кои се верува дека потекнуваат уште пред создавањето на исламот.