Лекувањето на високоризичните пациенти со Covid-19 со антидепресивот „флувоксамин“ би можело за третина да го намали ризикот од хоспитализации, покажуваат резултатите од студијата објавена во четвртокот во британското медицинско списание The Lancet Global Health.
„Флувоксаминот“ традиционално се користи за лекување ментални нарушувања како што се депресијата и опресивно-компулсивното нарушување, а научниците за истражувањето го избрале поради неговите противвоспалителни својства.
Резултатите упатуваат на тоа дека употребата на „флувоксамин“ може да ја зајакне заштитата од потешки форми на коронавирусната болеста, како и од смртен исход од последиците од Covvid-19 во земјите кои сѐ уште не добиле соодветни дози од вакцините во рамките на нивнотео извонредно нерамномерно распределување во светот.
Многу проблеми коишто се појавуваат како последица на Covid-19 ги предизвикуваат воспаленија, бидејќи имунолошкиот систем на инфекцијата претерано реагира.
Во трудот објавен во The Lancet, научниците од регионите на Северна и Јужна Америка ги опишуваат резултатите забележани кај речиси 1.500 амбулантни пациенти со Covid-19 во десетина бразилско болници, кои поради тешките клинички слики, поради дијабетес или срцеви проблеми, биле во поголема опасност од компликации.
Половината од нив добивала антидепресиви, а другата половина плацебо во текот на четири седмици. Притоа ниту лекарите не знаеле дали пациентите ги лекуваат со плацебот или со „флувоксамин“.
Во групата којашто земала апчиња „флувоксамин“ 11 отсто од пациентите биле подолго хоспитализирани, а од 756 од оние кои примиле плацебо хоспитализацијата била потребна за 16 отсто од нив.
И некои поранешни истражувања покажаа дека „флувоксаминот“ може да се користи за ублажувње на симптомите на Covid-19, но тие беа спроведени на помал примерок пациенти, а поради методологиите заклучоците од тие студии биле доста несигурни.
Авторите на новата студија велат дека примената на „флувоксамин“ во лекувањето на високоризичните пациенти со коронавирусот резултирала со релативно намалување на хоспитализациите од вкупно 32 отсто.
„Covid-19 сѐ уште претставува ризик за поединци во земјите со ниски ресурси и ограничен пристап на вакцинирањето. Веруваме дека на овој начин би можеле да спасиме многу животи“, вели главниот автор на студијата др Едвард Милс од канадсткиот универзитет Мекмастер во Хамилтон.
Едно апче чини 4 американски долари, а за споредба лекувањето со анитела чини околу 2.000 долари. Експерименталното антивирусно апче за Covid-19 на производителот „Merc“, пак, чини околу 700 долари.
„Откривањето евтини, широко достапни и ефикасни начини на лекување Covid-19 поради тоа е од голема важност, а пренамената на постојните лекови кои се широко достапни и се покажале сигурни, ни е од особена важност“, додава др Милс.
Иако намалената смртност кај ковид-пациентите не била во фокусот на ова истражување, тоа покажало дека 12 пациенти во плацебо групата на крајот починале, додека само еден од групата која го добивала „флувоксаминот“ подлегнал на коронавирусот.
Авторите истакнуваат дека е потребно да се спроведат дополнителни поцени, бидејќи „флувоксаминот“ не е на листата основни лекови на Светската здравствена организација и може да предизвика зависност.
„Имајќи ја предвид безбедноста, добрата толеранција на лекот, едноставноста на уппотребата, ниската цената и широката достапност на ‘флувомаксинот’, овие резултати би можело да имаат големо влијание врз националните и меѓународните насоки за клиничкото лекување на Covid-19“, вели Гилмар Реиш, коавтор на студијата од Бразил.
Сѐ уште остануваат отворени прашањата за тоа која доза е најдобро да се примени и дали „флувоксаминот“ би можело да го користат и други пациенти, кај коишто ризикот од хоспитализации поради последици од Covid-19 не е толку голем.
Научниците испитуваат уште некои претходно познати лекови кои би можело да придонесат во лекувањето на Covid-19. И натаму се истражува лек против хепатитис, додека според оцените на СЗО неуспешни се покажале „ивермектин“ но тој некои земји сѐ уште го употребуваат, „метформин“ и „ходроксиклорокин“ кој некои лекари и научнции го препорачуваа на почетокот од пандемијата на коронавирусот.