Иако водеа во текот на целиот меч, “мамузите” на крајот мораа да се плашат за победата. Перо Антиќ и неговиот тим успеаа да ја стигнат двоцифрената предност која Сан Антонио ја имаше по првиот дел, па на крајот двете погодени слободни фрлања на Џинобили на 3,8 секунди до крајот ја направи конечната разлика од два поени, со која тимот од Тексас славеше на овој дуел со 94:92.
Антиќ за нецели 16 минути на паркетот заврши со седум поени (3/7 во обидите од игра) и сето тоа дополнето со три скока. Најдобар, пак, кај Сан Антониот беше Тим Данкан со 17 поени и 13 скока, а исто толку поени имаше и Тони Паркер.
НБА резултати:
Голден Стејт – ЛА Клиперс 121:104
Сакраменто – Денвер 131:109
Сан Антонио – Атланта 94:92
Феникс – Мемфис 91:102
Јута – Кливленд 102:100
Детроит – Њујорк 98:95
Бостон – Торонто 107:110
Бруклин – Минесота 91:98
Вашингтон – Индијана 96:94 (продолженија)
Милвоки – Чикаго 86:95
Филаделфија – Орландо 89:91
Шарлот – Мајами 96:89