Македонскиот кошаркар во НБА тимот Атланта, Перо Антиќ не е сериозно повреден и ќе се врати на паркетот во натпреварот против Вашингтон.
„Повредата на Антиќ не е сериозна. Тој мораше да одмори против Портланд, но наскоро ќе се врати на терените. Најавите се дека тоа ќе биде единствениот меч што ќе го пропушти. Тој ќе биде во тимот за натпреварот со Вашингтон,“ соопштија членови на стручниот штаб на Атланта.
Антиќ ќе и биде од голема помош на Атланта, која моментно е на осмата позиција во Источната Конференција и се бори за место во плејофот. Но, “јастребите” ќе треба повторно да влезат во победнички ритам, бидејќи Њујорке сериозен кандидат за место меѓу осумте најдобри на Истокот.