По победа над Индијана, тимот на Атланта во чии редови настапува македонскиот кошаркар Перо Антиќ претрпе пораз во НБА лигата од Детроит со 102:95.
Антиќ повторно беше на висина на задачата со 13 поени и девет скокови. Шестмина кошаркари на Атланта имаа двоцифрен учинок меѓу кои најефикасен беше Пол Милсап со 24 поени.
Во победничкиот тим предводеше Родни Стаки со 29 поени, а Монро постигна 21 поен. Со овој пораз Атланта останува на осмата позиција на Истокот која води во плеј-оф разигрување.
Резултати: Атланта – Детроит 95:102, Мајами – Бруклин 87:88, Минесота – Сан Антонио 110:91, Јута – Далас 83:95, Сакраменто – Оклахома 92:107, ЛА Лејкерс – Хјустон 130:145