
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, со својот тим Атланта поведе во плејофот во Источнта конференција против Индијана.
„Јастребите” на гостински терен ја совладаа Индијана со 101:93 и поведоа со 1:0 во победи.
Антиќ постигна осум поени и седум скока за 28 минути, како стартер за својот тим. Во третата четвртина имаше „блиска средба“ со Дејвид Вест од Индијана.
Џеф Тиг со 28 поени и Пол Милсап со 25 поени беа најрасположени во победничкиот тим, додека Пол Џорџ со 24 поени беше најефикасен во редовите на Индијана.